Трет Македонец во Шкотска: Трапановски потпиша за Данди Јунајтед

Фото: Dundee United F.C.

Тоа што се најавуваше во претходниот период денеска е и официјално потврдено, Македонија ќе има нов претставник во шкотското фудбалско првенство.

По Бојан Миовски и Давор Здравковски во Шкотска ќе настапува и Кристијан Трапановски кој во редовите на Данди Јунајтед пристигнува од Шкупи.

„Данди со задоволство може да потврди дека потпиша двегодишен договор со Кристијан Трапановски, во договорот има и опција за продолжување на дополнителни 12 месеци“, објави Данди.

Трапановски исто така изрази задоволство од пристигнувањето во шкотскиот клуб.

„За мене ова е огромна шанса, среќен сум. Тренирав со првиот тим и моите соиграчи сите беа фантастични. Фудбалот се игра за фановите и очекувам да уживам и да имам голема поддршка во Шкотска. За навивачите на Данди слушнав многу добри работи, не можам да го дочекам првото дерби“, изјави Трапановски.

Имаше интернационално искуство Трапановски и од 2017 до 2020 кога беше дел од Славија Прага каде што пристигна од школата на Академија Пандев, а од таму како позајмен играч го носеше дресот на Татран Прешов, Викторија Жижков и Подрезова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот