Тренчевска во Брисел на состанок за социјалните права во рамки на скрининг процесот

Јована Тренчевска - министерка за труд и социјална политика / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе присуствува на билатерален состанок во рамки на скрининг процесот со Европската комисија. А присутни ќе бидат и претставници од министерството за труд и социјална политика и други институции.

На состанокот на тема „Европскиот столб на социјални права“, Тренчевска ќе говори за националните клучните реформи и иницијативи како и предизвици и идни планови во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права кои ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа, соопшти МТСП.

Од 10 до 12 мај, како што најавија од Министерството, во Брисел ќе се зборува и за Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст, а опфаќа седум подрачја – трудово право, Безбедност и здравје при работа, Социјален дијалог, Политика на вработување и Европски социјален фонд, Социјална вклученост, Социјална заштита и Антидискриминација и еднакви можности.

Делегацијата за Поглавје 19 на Северна Македонија се состои од членови, главно, од Министерството за труд и социјална политика, но и претставници на други институции и тоа: Министерство за транспорт и врски, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за техничка инспекција, Институт за медицина на трудот, Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија заради специфичноста на одредени области опфатени со Поглавје 19, велат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот