Тренчевска: Родовите улоги поврзани со улогите на девојчињата и момчињата во општеството ја создаваат дискриминацијата

Јованка Тренчевска, ФОТО\МИА

Стереотипите и предрасудите се најголемата причина зошто на пазарот на труд има јаз од дури 20,3 проценти помеѓу мажите и жените, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Министерката вечерва гостуваше на Телма телевизија каде главен фокус на дискусија беше положбата на жените во Република Северна Македонија и високата стапка на невработеност, јазот на пазарот на трудот меѓу мажите и жените и предлог Законот за родова еднаквост како и неговите придонеси во унапредување на прашањето за родовата еднаквост во државата.

„Во Родовиот индекс кој што го промовиравме од неодамна и публикацијата „Жените и мажите“  бројките покажуваат дека најголем дел од неактивно население се жените. Тоа ја оневозможува државата да го искористи целосниот потенцијал на жените и максимално да го искористи човечкиот капитал во државата. Неактивноста на жените е 55,1%, за разлика од мажите кој изнесува процентуално 32,8%, додека родовиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд е 20,3%. Причините ќе ги бараме во стереотипите, предрасудите и грижата на жените за домот и семејството, особено тоа е случај во руралните средини “ рече Тренчевска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот