Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Јованка Тренчевска, ФОТО\МИА

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по забележување на неправилности во работата на техничкиот министер за труд и социјална политика поднесе предлог до Владата на Република Северна Македонија за огласување за ништовно Решение за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година, информираа од кабинетот на дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

„Предлогот е даден по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд врз решението за разрешување по што се утврдени повеќе неправилности. Воедно забележана е и незаконската постапка од страна на техничкиот министер во делот на разрешување на директор во време на распишани избори, со еднострана одлука! Ваквата постапка е спротивна на Законот за Владата на Република Северна Македонија.Во Законот е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство.На 14та седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука да се огласи за ништовно разрешувањето директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика, информираа од кабинетот на дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот