Трамп: Украина требаше да направи отстапки кон Русија пред нападот во 2022 година

Поранешниот претседател и кандидат на овогодинешните избори во САД, Доналд Трамп ја опиша Украина со мрачни и тажни зборови. За Украина вели дека е урната земја, која изгубила многу од населението, поради смртни случаи во војната и поради селење. Тој го отвори прашањето за тоа колку би бил подготвен, доколку биде избран, да почне преговори за иднината на таа земја, пишува Асошиетед прес. 

Трамп тврди дека Украина требало да направи отстапки на рускиот претседател Владимир Путин во месеците пред нападот на Русија во февруари 2022 година, изјавувајќи дека дури и „најлошиот договор ќе бил подобар од она што го имаме сега“.

Трамп, кој долго време беше критичен кон помошта која САД и ја дава на Украина, често тврди дека Русија никогаш не би извршила инвазија доколку тој беше претседател и дека ќе стави крај на војната ако се врати во Белата куќа. Но, ретко кога толку детално разговарал за конфликтот.

Неговите забелешки, на настанот во Северна Каролина,  дојдоа по дебатата овој месец во која тој остро одби да каже дали сака Украина да ја добие војната.

Поранешниот републикански претседател, го започна своето осудување кон Украина со алудирање на неодамнешните критики на украинскиот претседател Володимир Зеленски кон Трамп и неговиот кандидат Џеј Ди Венс.

Зеленски, кој е во посета на САД оваа недела да присуствува на Генералното собрание на ООН, изјави за Њујоркер дека Венс е „премногу радикален“ што предложил Украина да ги предаде териториите под руска контрола и дека Трамп „навистина не знае како да ја запре војната дури и ако мисли дека знае како“.

Трамп рече: „Тоа е нешто за што мораме да разговараме набрзина бидејќи претседателот на Украина е во нашата земја и тој прави мали непријатни асперзии кон вашиот омилен претседател – јас“.

Трамп ја наслика Украина како земја во урнатини надвор од главниот град Киев, без војници и земја со изгубено население поради многу смртни случаи во војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот