Трамп одби да учествува во интервју за телевизијата Си-би-ес

Патиките на Трамп / Фото Твитер

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп одби да учествува во интервју „60 минути“ на Си-Би-Ес њуз (CBS News), па во шоуто ќе учествува само кандидатката на Демократската партија Камала Харис.

Си-би-ес ги покани претседателските кандидати на одделни интервјуа кои ќе бидат емитувани пред изборите во ноември.

Тимот на „60 минути“ соопшти дека кампањата на Трамп првично се согласила на интервју.

Харис и Трамп учествуваа на дебата на 10 септември. Иако Харис ја прифати поканата на Си-ен-ен за втора дебата подоцна овој месец, Трамп не го стори тоа.

Си-би-ес беше домаќин на потпретседателската дебата меѓу републиканскиот сенатор од Охајо, Џеј Ди Венс и демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот