Трамп му честиташе на Фараж влез во британскиот Парламент

Најџел Фараж и Доналд Трамп / Фото: Brendan Smialowski / AFP / Profimedia

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска му честиташе на својот десничарски сојузник Најџел Фараж, лидер на Реформската партија, за освоеното место во британскиот парламент, по седум неуспешни обиди, пишува Индипендент.

Трамп ја објави честитката на својата платформа „Truth Social“, во која, како што забележува британскиот весник, не го споменува победникот на вчерашните британски избори, Кир Стармер, чија Лабуристичка партија ги победи конзервативците по 14 години на власт.

– Честитки до Најџел Фараж за неговото големо освојување пратеничкото место во рамките на изборниот успех на Реформската партија. Најџел е човек кој навистина ја сака својата земја!, напиша Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот