Трамп: Да бев на власт, Путин ќе сонуваше да почне војна со Украина ама никогаш немаше да посегне

Архива на СП

Доналд Трамп за себе вели дека е единствениот американски лидер во последните години во чиј мандат Русија не ги напаѓала своите соседи, вклучително и Украина.

Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори во интервју за „Вашингтон пост“, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немало да започне војна против Украина ако Трамп останел на власт.

„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене (на власт)“, истакна тој.

Трамп рече дека Путин почнал да размислува за нападот по повлекувањето на американските трупи од Авганистан во 2021 година.

„Проблемот е што сега е сосема поинаква ситуација бидејќи (Путин) изгуби многу луѓе, но постигна многу напредок. Тој го презеде најголемиот дел од оваа земја (Украина)“, рече поранешниот претседател.

Трамп истакна дека се уште верува оти главниот проблем е што „Европа, како и досега за НАТО, не го плаќа својот дел“.

Тој смета дека земјите од Европската унија треба да инвестираат во одбраната исто колку и САД, бидејќи, како што наведува, економијата на ЕУ „по големина“ е слична со економијата на САД.

Трамп се осврна и на ситуацијата на одредени земји како Полска, Литванија, Летонија и Естонија.

„Оние кои се блиски, ако нешто се случи, тие се во неволја. Полска е во поинаква ситуација од некои други. Некои од земјите се многу подалеку. Тие треба да платат исто колку и ние“, рече Трамп.

Кога станува збор за претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Трамп рече дека „добро се однесува со него“.

„И двајцата сакаме оваа војна да заврши и двајцата сакаме фер договор и тоа ќе биде фер“, нагласи Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот