Трагедија му го одбележа животот: Го запознавме како Бобан во „Семејно богатство“, сега е фронтмен на позната група

Фото: Скриншот

Шармантниот Вукашин Марковиќ ја освои публиката пред повеќе од две и пол децении со улогата на Бебан во култната серија „Семејно богатство“ („Porodično blago“) на само 12 години, пишува „Стил“.

Денес е фронтмен на групата „Ајри еф-ем“, основана во 2001 година, во која пее, пишува текстови и свири на тромбон.

Го паметиме како мало момче со кратка коса, но сега изгледа сосема поинаку – има долга брановита коса и густа брада, а на понежниот пол ѝ се допаѓа дури и во овој рок стил.

Тој секогаш со задоволство зборуваше за своето учество во „Семејно богатство“.

„Никогаш не зажалив што го направив тоа, а сега се повторува десетта година по ред. Сето тоа е врежано во сеќавањата на луѓето“, изјави еднаш за „Прва“.

Фото: Инстаграм/Вукашин Марковиќ

Марковиќ се држи настрана од медиумите, а во интервју за „Хелоу“, зборувајќи за неговата страст кон моторите, откри досега непознат детаљ за неговото воспитување и семејство.

Имено, неговиот татко останал хендикепиран по тешка несреќа.

„Уште како дете фантазирав за мотор, но татко ми беше против тоа. На 24, 25 години, кога се отселив од дома, мојот прв чин на независност беше купување мотор. Јас бев свесен за сè, а сега возам одговорно осум години“, раскажа тој, не сакајќи да споделува многу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот