Тошковски: Решен е проблемот со издавањето на личните документи, најголем број од возачките дозволи се реиздадени

Нов пункт во ПС ''Пролет'' за вадење на лични документи / Фото: „Слободен печат“- Методи Здравев

Tошковски во своето гостување во „Слободен печат“ изјави дека е решен проблемот со издавањето на личните документи, а најголемиот број на возачки дозволи се реиздадени.

„Конечно можам да кажам дека го решивме проблемот со издавањето на личните документи. Сега во законски утврден рок можеме да го издадеме личниот документ. Граѓанинот не чека повеќе од два-три дена за фотографирање и во рамки од 15 дена да го обезбеди“, вели Тошковски за „Слободен печат“.

Тошковски очекува метеж пред крајот на годината кога е и крајниот рок за промена на возачките документи.

„Очекуваме дека ќе се зголеми бројот, но најголем број од возачките дозволи се реиздадени. Во наредниот период од три месеци, реално без преголемо натрупување ќе можеме да ги примиме граѓаните, да не чекаат како што чекаа и во рамки на законскиот рок да ги издадеме“, изјави Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот