Тошковски: МВР ќе постапи соодветно на најавите за дестабилизација, нема да дозволиме безбедносната состојба да се наруши

Панче Тошковски , фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

„Ќе постапиме соодветно доколку има обиди за дестабилизација на државата, нема да дозволиме безбедносната состојба да се наруши“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој гостуваше во првата емисија од новата сезона на утринската програма на Слободен печат.

„Состојбата во државата е безбедна. Во врска со најавите за дестабилизација на државата, МВР ќе одговори соодветно, секој има право да протестира во законско утврдена форма за одредено прашање за кое смета дека дискриминира, но ред мора да има. Никој нема право во државата со насилие незаконито да малтретира било кого. Нема да дозволиме безбедносната состојба да се наруши. Будно ја следиме состојбата, и се надевам дека опозицијата ќе се вразуми и ќе се постапува во рамки на своите права, односно мирно, достоинствено и културно да ги остварува правата кои се утврдени со закон. Јавен протест на законски начин е нормална работа. Не смее да се дозволи насилие и самовластие“, изјави Тошковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот