Токсини од стафилокока најдени во примероците од храната во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Институтот за јавно здравје за „Канал 5“ потврдил дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.

Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот