„Тоа е наметнување бинационалност“: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува бришење на „20 проценти“ од Уставот

ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од ДУИ за „Фронт за Европа“. Но, дури и да добие таква покана, партијата ќе ја одбие, најави потпретседателот на Тимчо Муцунски во гостувањето во емисијата „200“ на „Алсат“.

„Фронтот на Ахмети, чиј верен поддржувач е Ковачевски, е антиевропски фронт“, рече Муцунски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи бришење на фразата „20 проценти“ од Уставот и нејзина замена со терминот „албански јазик“.

Муцунски рече и дека се отворени да разговараат за имплементација на „хрватскиот модел“ за преамбулата на Уставот, но не и за решенија кои како што рече, „наметнуваат бинационалност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот