Тинејџер со „фолксваген“ излетал од патот Битола-Демир Хисар, тешко повредени двајца сопатници

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Деветнаесетгодишно момче од Крушево со „фолксваген“ излетало од патот Битола-Демир Хисар, по што неговите сопатници се здобиле со тешки повреди.

„Вчера наутро во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, Крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот