Тинејџер со „цитроен“ излетал од пат во Штип, па удрил во паркирано возило, сопатникот е тешко повреден

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Осумнаесетгодишно момче со „цитроен“ излетало од пат во Штип по што удрило во паркирано возило. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот.

„Денеска (03.07.2024) во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (18) од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д.(18) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот