Ти Џеј Шортс против Уникаха во полуфиналето на ФИБА Лигата на шампионите

фото: kfsm.mk

Денеска со жрепка се дознаа полуфиналните парови во кошаркарската ФИБА Лига на шампионите.

Бранителот на титулата Леново Тенерифе од Шпанија за противник на 12 мај ќе го има Хапоел Ерусалим од Израел со почеток од 17.30 часот.

Истиот ден ќе се игра и вториот полуфинален меч, вториот шпански претставник, домаќинот Уникаха ќе игра против германскиот Телеком Баскетс Бон.

Потсетување дека за Телеком Баскетс Бон настапува македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој е еден од најзаслужните што Германците се на Ф4 турнирот.

Финалето ќе се игра на 14 мај, а пред овој меч ќе се одигра и натпреварот за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот