Инцидент на „Меџитлија“ – се степале командир и полицаец

Инцидент со физичка пресметка се случил утрово на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница – претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец, објавиja попладнево повеќе медиуми. Инцидентот, според информациите, се случил околу 8 часот, кога се менувала смената, а причината засега не се знае.

Нападнатиот полицаец по 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола, вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.

Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за локалниот портал „Апла“ велат дека „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“, , но велат дека и двајцата – и граничниот полицаец и неговиот претпоставен, побарале лекарски преглед.

Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј., а вториот пат од Командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан.

„Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот