Тешко повредена тетовка во сообраќајка во Скопје

Триесетгодишна тетовка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во скопската населба Даме Груев.

„Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Х.Г.(30) од Тетово и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(57) од Скопје. Во несреќата Х.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот