Тешко повреден албански државјанин кој излетал од пат во Гостивар

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Педесет и едногодишен Албански државјанин е тешко повреден откако ноќеска излетал од пат во Гостивар.

„Ноќеска во 02.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од улица „Боге Велјаноски“ со улица „Питарница“ во Гостивар, патничко возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од А.Л.(51) од Република Албанија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар во Гостивар“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот