Тешко повреден 67-годишен маж, со возило излетал од пат во Охрид

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Шеесет и седумгодишен маж од селото Велгошти е тешко повреден откако со возило излетал од пат во Охрид.

„Вчера во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(67) од с.Велгошти, охридско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот