Тешко повреден 64-годишен маж во сообраќајка меѓу трактор и „сузуки“

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во сообраќајка која се случила вчера во Струмичко меѓу трактор и возило „сузуки“, тешко е повреден 64-годишен маж.

„Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, Струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, Струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, Струмичко“, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот