Теодор Симиќ се врати во Шпанија: Ќе игра за третолигашот Прат

Теодор Симиќ е на позајмица во Борац Бања Лука од Игокеа/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Македонскиот кошаркар, Теодор Симиќ повторно ќе игра во Шпанија откако потпиша договор за тимот на Прат кој се натпреварува во шпанската трета лига.

Симиќ во минатото беше дел од младинските категории во Барселона и во тој период важеше за голем талент, а сега повторно ќе има можност да биде дел од шпанската кошарка.

Во кариерата по Барселона, Симиќ играше за Игокеа од БиХ и Борац Бања Лука каде што ги помина последните две сезони како позајмен кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот