Тен Хаг и Манчестер јунајтед официјално ја продолжија соработката

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Холандскиот фудбалски тренер Ерик тен Хаг ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед уште две години.

Клубот од Олд Трафорд и официјално потврди дека ја продолжува соработката со Тен Хаг до јуни 2026 година.

Во првите две сезони со тимот, Тен Хаг ги освои Лига Купот и ФА Купот. На крајот од сезоната се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе добие отказ, но по темелна анализа на сезоната беше одлучено ништо да не се менува.

– Многу сум задоволен што постигнав договор со клубот и што продолживме да работиме заедно. Гледајќи ги изминатите две години, можеме со гордост да погледнеме наназад на два трофеи и многу примери за напредок од тоа каде бевме кога пристигнав. Секако, мора да биде јасно дека ни претстои уште многу напорна работа за да ги достигнеме нивоата што се очекуваат од Манчестер јунајтед, што значи да се натпреваруваме за титулата во Премиер лигата и во Европа и ние сме силно посветени на тоа – изјави Тен Хаг.

Јунајтед наскоро ќе ги започне подготовките, а првиот контролен натпревар ќе го игра на 15 јули во Норвешка против Розенборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот