Телото на жената која почина по киретажа е предадено на обдукција

Телото на пациентката која почина по киретажа во Општата болница во Прилеп е предадено на обдукција а две лаборатории испитуваат дали имало интрахоспитална инфекција, потврди за „Слободен печат“ директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска.

Според информации на „Слободен печат“ жената на 52 годишна возраст после киретажата била пуштена дома, но во тешка скептична состојба со Брза помош непосредно после рутинската интервенција била пренесена на Инфективната клиника во Скопје каде била неколку часа пред да биде преземена од Kлиниката за гинекологија.

Пациентката цело време била кислородно зависна, a резултатите од крвните анализи биле неповолни и укажувале на септична состојба.

ДСЗИ спровел вонреден инспекциски надзор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот