Телото на Марадона ќе биде откопано и преместено во мавзолеј во Буенос Аирес

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Судот во Сан Исидро донесе одлука телото на Диего Армандо Марадона да биде преместено во мавзолеј кој ќе го гради семејство во близина на Буенос Аирес.

Дозолата од судот за откопување на гробот на легендарниот Аргентинец ја побарале неговите ќерки, а судот го одобрил нивното барање.

„Пренесувањето на телото се бара од хуманитарни и емоционални причини и поради тоа треба да им се дозволи на роднините и другите да дојдат и да изразат сочувство или да му оддадат почит на некој близок. Нема причина барањето да биде одбиено“, стои во соопштението од судот.

Марадона почина 25 ноември 2020 година на возраст од 60 години, а причина беше акутна срцева слабост. Аргентинецот беше погребан на приватните гробишта во Буенос Аирес кои се затворени за јавноста.

Според најавите изградбата на мавзолејот треба да заврши во 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот