„Телеком“ ја извести македонската антимонополска комисија: Го купува „Мондо“

Телеком
Телеком / Фото: Архива на „Слободен печат“

Сега веќе нема сомнеж – „Телеком“ – Србија јасно планира да го купи „Moндо ИНЦ“ во сопственост на Игор Жежељ. Тој план е претставен пред Македонската антимонополска комисија, од која „Телеком“ мора да добие дозвола за ова купување, бидејќи поседува компанија која работи и на македонскиот пазар, пишува Н1.

Да потсетиме, „Мондо ИНЦ“, меѓу другото, е и издавач на дневниот весник „Курир“. Српскиот државен телеоператор на крајот на јули достави извештај за концентрација до Македонската комисија за заштита на конкуренцијата во врска со „стекнувањето на индивидуална контрола од страна на Телеком Србија врз компанијата Мондо ИНЦ“.

Македонската комисија во своето известување потсетува дека „Телеком“ – Србија е оператор за електронски комуникациски услуги и мрежи, регистриран за кабелски телекомуникации, „и од услугите што ги дава ги издвојува услугите на фиксната и мобилната телефонија, интернет и мултимедијалните услуги на територијата на Република Србија“.

„Телеком Србија има едно поврзано правно лице на територијата на Република Северна Македонија – Друштвото за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, регистрирано за дејноста жичени телекомуникации, односно за обезбедување на следните услуги: јавна радио комуникациска мрежа, широкопојасен интернет. Врз основа на досегашната истрага, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата и ги повика сите заинтересирани да дадат коментари и мислења за оваа концентрација – за која рокот истече во август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот