Тејлор Свифт ја крена инфлацијата во Европа

Тејлор Свифт / Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Европската турнеја на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт не е единствениот фактор што ја одржува високата инфлација во еврозоната, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, според извештајот на Си-ен-ен.

Американската поп ѕвезда ги распродаде билетите за нејзините концерти во Европа.

Европската турнеја на Тејлор Свифт низ 18 европски градови, која започна во мај, ги зголеми цените, при што некои експерти забележаа значително економско влијание врз градовите низ 20 земји на еврозона.

Имено, налетот и гужвите што ги создаваат поради големите спортски и културни настани веќе го поттикнуваат растењето на цените на бројните услуги за кои има голема побарувачка во Европа, вклучувајќи ги хотелските соби и авионските билети, пишува „Фајненшл тајмс“. На пример, цената на хотелите во Португалија се зголеми за речиси една петтина од април до мај и со тоа ја крена годишната инфлација во секторот на речиси 14 отсто, а сето тоа поради двата концерти во Лисабон што Тејлор Свифт ги одржа во мај по повод својата турнеја „Ерас“.

„Не е само Тејлор Свифт, знаете“, рекла Лагард за Си-ен-ен, одговарајќи на прашањето дали турнејата на Свифт ја зголеми инфлацијата на услугите низ еврозоната.

Инфлацијата на услугите, една од мерките што внимателно ги следи ЕЦБ, останала стабилна во еврозоната на 4,1 отсто во јуни. Базичната инфлација, без енергијата, храната, алкохолот и тутунот, останала на 2,9 отсто во однос на претходниот месец, за малку промашувајќи ја консензуалната прогноза од 2,8 отсто.

Во исто време, вкупната инфлација падна на 2,5 отсто во јуни, во споредба со 2,6 отсто еден месец порано, според очекувањата во анкетата на Ројтерс меѓу економистите.

Британските фанови на Тејлор Свифт изгубиле над милион евра поради измама со билети

Обожавателката на Тејлор Свифт, девојчето кое се сретна со неа на концерт, почина на 9-годишна возраст од рак на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот