Таткото на убиената Наташа Совраноски: Ќе се бориме за нејзината ќеркичка

Таткото на 25-годишната Наташа Совраноски (25), чие тело било пронајдено во понеделникот во шумска област во близина на Штутгарт, Германија, а која беше исчезната од втори септември, за „Фокус“ вели дека семејството и натаму нема никакви официјални информации за тоа што се случило со неговата ќерка.

Милчо Совраноски, кој живее во Охрид, вели дека телото е на обдукција, а тој се подготвува да замине во Германија, каде живее мајката на Наташа, која е негова поранешна сопруга. Таму живеат и двете сестри на Наташа, како и нејзината ќерка, која нема ниту две години.

Според информациите од германската полиција, официјално се истражува дали се работи за убиство. Маж на возраст од 45 години бил осомничен за убиство од небрежност, и бил притворен. Милчо за „Фокус“ вели дека со сигурност не може да каже кој е осомничениот, но верува дека тоа е партнерот на Наташа, кој е и татко на нејзината ќерка.

„Од она кое досега го знам, ја пронашле полициски службеници со кучиња трагачи и телото било непрепознатливо. Никому не било дозволено да ја види. Сите сме во исчекување на официјални информации, и ништо не можам да тврдам со стопроцентна сигурност. Ете, германската полиција бара сведоци, објавено е дека апелираат ако има сведоци кои виделе што се случило на втори септември во шумата, да се јават во полиција… Можам да кажам само дека ќе бараме правда, но и дека со мајката на Наташа ќе се бориме да добиеме старателство над нејзината ќеркичка. Јас дури и сакам да го донесам девојчето овде, да живее во Охрид“, вели таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот