Татко и син изгореа во „порше“! Сомнежите се дека учествувале во нелегални трки

Татко и син загинаа во несреќа во Германија откако излетале од патот со брзина од 200 километри на час.

Несреќата се случила во градот Уна во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија во средата околу 20 часот и 15 минути.

Како што пренесуваат германските медиуми, таткото и синот загинале при нелегална трка со автомобили.

Германските медиуми јавуваат дека таткото и синот управувале со автомобил „порше“.

Како што пренесува Феникс, на раскрсницата Дортмунд/Уна, 52-годишен возач изгубил контрола над автомобил вреден околу 200.000 евра.

Потоа, „поршето“ прелетало неколку стотици метри низ тревната површина до малата шума.

Кога автомобилот застанал, избувнал пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот