Таравари: Отворени сме за разговори со Села и Ахмети за прашањата поврзани со Албанците

Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на прашањето поврзано со неодамнешниот повик на Зијадин Сеља упатен до опозициските партии од македонскиот и албанскиот политички блок и да разговараат за прашањата и теми кои се однесуваат на Албанците, напомена дека се подготвени за разговор.

– Кажав дека Сеља и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција. Инаку нема проблем, подготвени сме да разговараме со кого било и во кое било време – рече Таравари во одговорот на прес-конференција по денешната посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот