Таравари: Опозицијата е токсична и се обидува да ги врати проблемите

Арбен Таравари, министер за здравство/Фото: Скриншот

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од делегацијата на Македонија во Њујорк на Генералното собрание на ОН, даде изјава за ТВ21, во која опозицијата ја нарече „токсична“ и рече дека новата влада во првите сто дена има „одлични резултати“

Запрашан за тоа каква е соработката во Владата, Таравари рече дека е „извонредна“ и дека имаат одлични резултати, префрлајќи ја топката кон опозицијата која, според него, е „токсична“ и се обидува да ја дефокусира јавноста.

„Соработката е коректна и резултатите се извонредни, но за жал имаме токсична опозиција која постојано се обидува да го дефокусира јавното мислење и да ги врати проблемите кои ни ги оставија во наследство. Впрочем, овие сто дена повеќе бевме зафатени да реагираме на опозицијата, отколку да ги промовираме резултатите“, рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот