Таравари: Новата влада максимално ќе се посвети на односите со Грција

Арбен Таравари, претседателски кандидат Вреди, Фото: Фејсбук Таравари

Претседателот на Алијaнса за Албанците, Арбен Таравари и пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи и со амбасадорката на Република Грција, Александра Пападополу и Софија Филипиду.

„На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително“, информираа од партијата.

Таравари нагласил дека нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посветела на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот