Таравари: Добро е што Албанија ќе почне преговори со ЕУ, ама лошо е што ние се разделивме

Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничка болница Тетово, коментирајќи го процесот на пристапување на земјава кон Европската Унија, изрази жалење што Македонија и Албанија се разделија на патот кон ЕУ.

„Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги започне преговорите. Македонија нема алтернатива освен Европската Унија. Се надевам во рокот што го кажавме од 6 месеци дека ќе направиме се за да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна преговори, ама лошо е што ние се разделивме. Ама треба да разбереме дека од бугарска страна нема влада моментално. Очекуваме избори да има таму. Се надевам дека ќе изнајдеме решение и дека „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за Македонија што побрзо да започне преговори со Европската Унија. И премиерот е за што побрзо започнување. И тој е за ЕУ како и сите партии во владата, рече Таравари.

Тој при посетата на Клиничка болница Тетово изрази задоволство што заедно со директорот на болницата ги видел инвестициите во првите сто дена од функционирањето на владата. Таравари истакна дека еден од приоритетите останува децентрализацијата односно регионализацијата на јавното здравство. За следната година најави инвестиции во Клиничка болница Тетово во апарати, во одделот за педијатрија но и нова зграда на Клиничката болница Тетово за која ќе се изработи проект и ќе се обезбедат пари.

-Лифтовите се ставени во употреба и функционираат како што треба. Исто така, кровот на интернистичкиот дел во болницата е речиси готов и има пофални зборови од целиот медицински персонал. Имаме инвестиција во амбулантите на хируршки клиники – инвестиција која е заедничка на болницата и на компанијата „Еколог“. Има и инвестиција во амбулантите на интерниот оддел. Добро изгледа интерниот оддел во Клиничката болница во Тетово, рече Таравари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот