Тамара Тодевска се разведува по седум години брак

Фото: Принтскрин - Инстаграм

По седум години брак, нашата пејачка Тамара Тодевска се разведува од сопругот Александар Димитровски-Мачка, наш поранешен кошаркар и репрезентативец.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Во телефонски разговор за Женски магазин, Тодевска ја потврди веста:

„Да вистина е, не сакам да кажувам повеќе детали, не би додала ништо повеќе од ова, но ветувам дека наскоро ќе раскажам повеќе детали“ – изјавила Тамара за споменатиот медиум

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Пејачката првенствено за магазинот „Убавина и здравје“, изјавила дека одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца Хана и Дарен.

„Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив“ , изјавила Тодевска за „Убавина и здравје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот