Талибанците сакаат да ги решат проблемите со струјата, градат нова трафостаница од 183 милиони долари

струја фото миа

Талибанската влада во Авганистан официјално ги отвори работите за изградба на голема трафостаница од 500 киловолти, која треба да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија во Авганистан. Министерот за енергетика на Авганистан Абдул Латиф Мансур изјави дека вкупната вредност на изградбата на трафостаницата Арганди и поврзувањето со Кабул ќе чини 183 милиони долари и дека работата ќе биде завршена во рок од две години, пренесува Кликс.ба.

„Со завршувањето на овој проект, од Туркменистан ќе се увезат 1.000 мегавати електрична енергија, со што ќе се реши недостигот на електрична енергија во Кабул и 13 соседни региони“, рече министерот. Тој исто така изјави дека Авганистан наскоро ќе ги заврши работите на неколку големи брани. „Браната Камал Кан, која има производствен капацитет од девет мегавати, не е завршена со пари на Америка, Кина или Русија, туку со внатрешни приходи и наскоро ќе биде отворена. Исламскиот емират се обидува да изгради брани насекаде и да обезбеди електрична енергија Се надеваме дека еден ден ќе бидеме самодоволни во производството на електрична енергија“, рече тој.

И покрај ресурсите, Авганистан сè уште увезува 80 отсто од потребите за електрична енергија од други земји, вклучувајќи ги Узбекистан, Туркменистан, Таџикистан и Иран, што повремено резултира со зголемени прекини на електричната енергија, што на крајот им создава проблеми на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот