Тајна венчавка? Хоакин Феникс поттикна гласини за бракот со Руни Мара откако ја нарече негова сопруга

Хоакин Феникс и Мара Руни / Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Можеби е време да им честитаме на Хоакин Феникс и Руни Мар. Социјалните мрежи „вријат“ од веста дека ѕвездата од филмот „Џокер“ официјално се венчал за својата долгогодишна партнерка откако ја нарече „сопруга“ во неделната епизода на подкастот на Сем Фрагоза.

Имено, зборувајќи за тоа како го напишал говорот кога очекувал да го добие Оскар во 2020 година, славниот актер рекол дека го смислил додека „разговарал со својата мајка и сопругата“. Подоцна во разговорот, 49-годишниот актер јасно ставил до знаење дека мислел на Руни кога ја спомнал сопругата.

Сепак, Феникс се воздржа да зборува за неговиот брачен статус, а ниту пак неговите претставници одговорија на барањата на медиумите оскаровецот да објасни за што точно се работи.

Инаку, двојката се запозна во 2012 година додека работеа заедно на филмот на Спајк Јонзе „Таа“. Тие веднаш не започнаа врска додека не се сретнаа повторно неколку години подоцна на снимањето на филмот „Марија Магдалена“. Тие се верија во 2019 година.

– Таа е единствената девојка што некогаш сум ја побарал на интернет – рекол Феникс за Мара во едно од неговите ретки интервјуа за „Венити фер“ 2019.

Во 2020 година, тие го дочекаа своето прво дете – син кој го крстија по починатиот брат на актерот Риверо Феникс, кој се предозирал во 1993 година, кога имал 23 години.

Мара откри дека таа и Хоакин чекаат второ дете во февруари, кога го покажа трудничкиот стомак на 74. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“ во Берлин.

ФОТО | Неверојатна хемија помеѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага: Нови фотографии од сетот на „Џокер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот