• ракетен напад

Иран изврши ракетен напад врз израелски товарен брод

Иран истрела ракета кон израелски брод со контејнери во Арапското Море, објави израелскиот портал Н12. Според извештаите на медиумот, ракетата го оштетила бродот, сопственост на XT Management, кој, сепак, продолжил по својата маршрута кон Индија. Израелските безбедносни сили биле информирани за инцидентот и ја испитуваат сериозноста на нападот.