Се преврте автомобил на тетовската улица „Индустриска“

Автомобил се преврте попладнево на тетовскиот булевар „Видое Смилевски-Бато“ (познат и како улица „Индустриска“), а полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од булеварот, објави порталот „Тетово инфо“. „Индустриска“ е една од ретките тетовски улици на кои може да се развие поголема брзина, а на неа често се случуваат сообраќајни несреќи предизвикани од пребрзо возење.