Таеквондистот Георгиевски со сребрен медал ја отвори новата олимписка сезона

фото: Македонска Таеквондо Федерација

Најдобриот македонски спортист Дејан Георгиевски со сребро од Г1 ја отвори новата олимписка сезона.

Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финалето на Тирана Опен Г1, Албанија.

Во финалето до тесен пораз нашиот натпреварувач загуби од Сотириос од Грција.

Во борбата за златото Георгиевски се бореше со мала повреда со надежи дека многу скоро ќе се санира.

Ова е убав почеток за македонскиот таеквондист со значајни бодови за олимпискиот ранкинг, а она што е исто така важно да се спомене е тоа дека денеска Георгиевски го елиминираше Белорусинот Плонис од кој беше спречен да обезбеди норма на олимписките квалификации за Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот