Табелата во Серија А не изгледала вака 47 години

Фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Во Серија А беше комплетирано петтото коло, а италијанските медиуми пишуваат за табелата којашто вака не изгледала цели 47 години.

За да се дојде до изглед каков што немало од 1977 година потребно беше да се поклопат неколку резултати, а во последното коло токму тоа и се случи.

Торино пред петтото коло се наоѓаше на петтото место на табелата и до врвот дојде благодарение на победата против Верона од 3:2, но им одеа во прилог и резултатите на екипите пред нив.

Рома со 3:0 го совлада Удинезе, Јувентус и Наполи ремизираа, а Интер беше поразен од Милан, па така Торино доби прилика да застане на чело на табелата и таа прилика ја искористи.

Минатата сезона Торино ја заврши на деветтото место со 41 бод помалку од шампионот Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот