Таа има 68, а нејзиното момче 28: Не сме се виделе во живо, но се сакаме, му праќам пари и подароци

Пет и Сем / Фото: Printskrin / Youtube / @TLCTVU

Кога жена во седмата деценија од животот ќе признае дека му праќа пари на маж кој никогаш не го запознала лично, а тој е дури 40 години помлад од неа, тоа сигурно ќе предизвика реакции. Но, една жена од Велика Британија е задоволна од таквиот аранжман. Имено, 68-годишната Пет откри дека на интернет го запознала медицинскиот брат Сем, кој има само 28 години.

Таа тврди дека се сакаат, иако тој всушност живее на другата страна на светот во Пакистан и комуницираат само преку видеоповици и пораки.

Пензионираната медицинска сестра, која се опишува себеси како „млада во срцето“ и „со слободен дух“, изјавила дека нејзиното момче е „многу секси“, особено неговата козја брадичка.

Сем вели дека сонува да се пресели во Велика Британија и таму да се вработи во здравствениот сектор.

– За полесно да оди на работа, му купив мотор – рекла таа.

Пат исто така додава дека има традиционални вредности и дека, кога Сем ќе пристигне во Британија, парот ќе има одвоени кревети, бидејќи не веруваат во секс пред бракот.

Сем неодамна ја запросил, па таа се надева дека нема да мора долго да чека на венчавката.

– Нашата физичка привлечност е доста силна, многу си се привлекуваме еден кон друг – рекла таа.

Околината баш и не ги поддржува, нејзината пријателка Ана е загрижена дека Сем можеби е измамник.

– Разликата во годините ми е малку чудна, но се надевам дека тој е искрен – рекла Ана.

На ова, Пет открива дека нема „црвени знамиња“ и дека е многу среќна во врската со Сем. Иако, не му претставувало проблем кога таа му кажала дека не може да му роди деца, поради нејзината возраст.

Не ѝ е грижа што велат луѓето. Семејството на Сем прифатило дека тој има ваква врска, иако некои не се сигурни во нејзиниот успех.

Неговиот брат му рекол дека го загрижува разликата во години, но Сем потоа открил дека му се допаѓа тоа што таа му е голема поддршка, пишува британски „Сан“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот