Светски рекордери во плаќањe со мобилен се кинезите

Оваа година во Кина повеќе од 500 милиони луѓе со своите паметни телефони ќе плаќаат во ресторани, продавници и кафулиња и ресторани.

На овој пазар на апликации кои се користат за наплата на услугите веќе доминираат големи компании, како што се Alipay и WeChat Pay, затоа што со задоволство се прифатени од давателите на услуги.

Во земја каде што многу мали бизниси ги снабдуваат клиентите, користењето на кредитни картички никогаш не било широко прифатено, што довело до тоа бизнисите да го префрлат готовинското плаќање преку мобилни апликации.

Сепак, вкупната годишна вредност на трансакција по корисник во Кина е пониска од онаа во САД, Обединетото Кралство и Франција.

Се проценува дека еден просечен кинески потрошувач ќе потроши околу 1.100 долари преку апликации за плаќање во 2019 година, додека потрошувачот во Велика Британија речиси 3.000, а во САД – 2.400 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот