Светски познатиот виртуоз на виолина Ара Маликиан со „Јовано Јованке“ ве кани на концерт: „Се вљубив во оваа песна“

Фото: Промо

Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, Ара Маликиан, на 18 октомври за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во Македонска филхармонија.

Токму по тој повод, светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите негови обожаватели во Македонија, свирејќи ја македонската песна „Јовано Јованке“ за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти.

Дали знаевте дека Ара Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, а свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу.

· Има снимено 30 албуми во период од 25 години.
· Настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио.
· Има добиено безброј награди и признанија, а двапати бил номиниран за најдобра класична изведба на Музичките награди во Шпанија.
· На само 14 години бил повикан да студира на престижниот
· Во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па сè до Лед Цепелин и Николо Паганини.

Маликиан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави, не е ниту за телевизиите, ниту пак за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција која звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.

А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18 октомври, кога на сцената во „Македонска филхармонија“ ќе застане виртуозот на виолина Ара Маликиан.

Концертот на Ара Маликиан во Скопје ќе биде еден и единствен кој нема да има реприза.

Влезниците имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот