Светот се збогува со Џек Шерман, гитаристот на „Ред хот чили пеперс“

Фото: Инстаграм

Денес на 67- годишна возраст почина музичарот Џек Шерман, кој се стекна со светска слава како гитарист на групата „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers).

Како што пренесуваат странските медиуми, причината за смртта на гитаристот се уште е непозната. Поранешни колеги од групата по неговата смрт изјавија дека тој бил единствен.

„Му благодариме за времето што го помина со нас – доброто, лошото и она помеѓу нив“, напишаа членовите на познатата група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот