Свекор нападнал снаа во Кисела Вода

Фото: МИА

Жителка на скопската општина Кисела Вода вчера пријавила во полиција дека утрото била физички нападната од нејзиниот свекор, соопшти полицијата.

„На 25.09.2024 во 13:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08:00 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од Т.Н., татко на нејзиниот невенчан сопруг“, соопшти МВР.

Од полицијата најавуваат соодветна пријава, откако ќе биде комплетирано документирањето на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот