Суперлига: Сигурни победи на Вардар и Еурофарм Пелистер

Фото: РК Вардар

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер славеа победи во натпреварите од ракометната Суперлига.

Вардар во финишот го скрши отпорот на Бутел и славеше победа до 30:27. Првото полувреме помина во изедначена игра, а Вардар најмногу водеше со два разлика.

На паузата се замина со 16-15 за фаворитот. Таквата игра ја гледавме до средината на второто полувреме кога Вардар со серија од 5:0 започна да го трасира патот кон победата.

Првата посериозна предност црвено-црните ја направија со водството од 27:20 и тука веќе беше јасно дека нема да видиме изненадување.

Еурофарм Пелистер уште во првиот дел го реши прашањето на победникот, а на крајот славеше победа од осум разлика со 30:21.

На табелата Вардар и Пелистер по пет кола имаат идентичен учинок од четири победи и еден пораз, додека на врвот е Охрид со максимални пет победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот