Суперкомпјутерот пресмета која репрезентација има најголеми шанси да го освои ЕП

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

По двата слободни дена, денес и утре, во петок ќе продолжи Европското првенство и тоа со натпреварите од четвртфиналето.

Во битка за трофејот останаа уште осум репрезентации, а суперкомпјутерот на „Опта“ сега ги пресмета шансите на сите осум селекции.

Според „Опта“, најголеми шанси за освојување на трофејот има домаќинот Германија (20%). Зад Германија следи Шпанија (19.2) и интересно е што токму овие две репрезентации ќе играат една против друга во четвртфиналето во петок (18:00 часот).

Во топ 3 според „Опта“ е уште Англија со 17.5,%, Франција е четврта со 15.2%.

Најмали шанси за освојување ѝ се даваат на Турција која со 3.1%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот