Сунак и Стармер продолжуваат со ТВ судирите за миграцијата

Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, и лидерот на Лабуристичката партија Кир Стармер, продолжија да се судираат за прашањето за миграцијата за време на нивната последна телевизиска дебата пред националните избори.

Сунак го нарече неговиот план да испрати некои мигранти во Руанда како „заплашување“, Стармер рече дека планот „не функционира“.

Додека двајцата политичари кои се борат да станат лидер на Велика Британија по изборите на 4 јули се соочија во живо на Би-Би-Си, гласни извици можеа да се слушнат надвор од местото на одржувањето на Универзитетот Нотингем Трент во централна Англија.

Пропалестинските демонстранти се собраа пред зградата пред дебатата.

Следната недела британските гласачи ќе изберат пратеници кои ќе ги пополнат 650те места во Долниот дом, а лидерот на партијата што може да владее со мнозинството – сам или во коалиција – ќе стане премиер.

Лабуристите во моментов имаат двоцифрена предност во анкетите пред конзервативците, кои беа на власт 14 години со пет различни премиери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот