Судски совет ја „брка“ Кацарска од Уставен суд

Добрила Кацарска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Добрила Кацарска може да го загуби статусот како уставен судија, откако до Собрание стигнал допис од Судскиот совет дека ѝ престанал судискиот статус поради пензионирање.

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, рече дека преку медиумите дознал дека постои таква иницијатива од Судскиот совет.

– Ние како суд немаме официјално известување за релевантноста и постоењето на таква иницијатива. Основите за престанок на функција на уставен судија ги уредува Уставот во член 111, став 4. Јас ја немам видено содржината на таа иницијатива, не знам дали и како Собранието би постапило и од таа причина би се воздржал за коментар за оваа работа – изјави Костадиновски

Според него, доколку е релевантно тоа што го видел во некои од медиумите, не може да се прави поистоветување во Судски совет и членство во Уставен суд, но, додава, сепак во отсуство на официјални информации, како што нагласува, мора да се воздржам од коментар, бидејќи секој искажан збор обврзува.

Претходно, Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија, со што го губи статусот на активен судија, што е услов еден судија да може да биде избран за член на Уставниот суд.

Добрила Кацарска беше избрана за уставна судијка во ноември 2020 година, а во мај 2021 година беше избрана за претседателка на Уставниот суд. По завршувањето на тригодишниот мандат на нејзино место беше избран судијата Дарко Костадиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот