Субвенции од 4,1 милион денари за возачка дозвола за младите карпошани

Сообраќај во Скопје. / Фото: МИА

Советот на Општина Карпош денеска ја усвои одлуката за субвенционирање млади лица за полагање на возачка дозвола. Вкупната сума која е предвидена за оваа намена за претстојната 2022 година  е 4.100.000 ден. Со ова градоначалникот Стевчо Јакимовски го реализира даденото ветување во текот на изборната кампања за локалните избори.

Единствени кои гласаа против одлуката беа двете советнички од „Независни за Карпош“.

Општината ќе избира една авто школа преку која ќе оди овој проект. Додека за субвенции за новородено дете од 4.000 денари се бара вкупните приходи на родителите да не надминуваат одреден лимит – 2 минимални плати, овде нема таков критериум.  Со други зборови ќе стимулираме нови возачи под оправдување дека тоа ќе помогне за нивното вработување ама и ќе стимулираме работа за одредена авто школа со сума дупла од предвидената за субвенции – реагираа од „Независни за Карпош“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот